Англискиот шампион Манчестер Сити ја посакува 28-годишната ѕвезда на Баерн, Џошуа Кимих. Менаџерот Пеп Гвардиола инсистира тој да дојде на „Итихад“, а трансферот веројатно ќе се реализира по завршување на ова сезона.
Во моментов Баерн Минхен за неговите услуги бара 60 милиони евра. Манчестер Сити е подготвен да плати само половина од таа сума.
По завршувањето на оваа сезона Кимих ќе влезе во последните 12 месеци од договорот со Баерн. Челниците на Манчестер Сити се надеваат дека тогаш ќе можат многу поевтино да го доведат на „Итихад“.
Оваа сезона Џошуа Кимих забележа вкупно 20 настапи за Баерн. Тој постигна еден гол и подели шест асистенции.
Според германските медиуми, Кимих исто така сака да прејде во Манчестер Сити, а главната причина е Пеп Гвардиола.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













