Манчестер Сити води жестока борба за шампионската титула со Арсенал оваа сезона, но Пеп Гвардиола и раководството веќе размислуваат и за следната натпреварувачка година. На „Итихад“ веќе ја бараат замената за Илкај Гундоган, кој најверојатно ќе замине од клубот како слободен агент.
Како што пренесуваат медиумите на Островот, „граѓаните“ го сакаат Алексис Мекалистер од Брајтон, играчот од средниот ред кој беше еден од клучните играчи за успехот на Аргентина на Светското првенство во Катар.
На 24-годишниот играч му се восхитува Пеп Гвардиола, кој го гледа како можен наследник на 31-годишниот Гундоган.
Сепак, Брајтон не сака лесно да се откаже од играчот роден во Шкотска. Англискиот тим би сакал околу 80 милиони евра за својот играч за врска.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













