
Манчестер Сити се искачи на кровот на Европа откако го совлада Интер со 1-0 во финалето на Лигата на шампионите во Истанбул. Тоа е прв европски пехар за Манчестер Сити, а трет во кариерата за Пеп Гвардиола.
Тој им се заблагодари на газдите затоа што успеаледа го „истрпат“ шест години во кои не успеа да го освои пехарот.
„Ова е пехар кој е ѓаволски тешко да се освои. Мило ми е што конечно успеавме и ги заокруживме сите успеси кои ги имавме во овој изминат период. Би сакал прво да им честитам на фудбалерите на Интер. Знам како е после ваков пораз, но сакам да им порачам дека во моментов се вториот најдобар тим во Европа. Сакам да им честитам на сопствениците на клубот, кои беа стрпливи и не ми дадоа отказ по шест години во кои не ја освоив Лигата на шампионите. Секако, најголемите заслуги одат за фудбалерите, но и за сите останати кои се дел од Манчестер Сити. Сите тие имаат свој удел во овој освојувањето на овој пехар“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити ја заокружи оваа сезона со тројна круна, откако ги освои и трофеите во Премиер – лигата и во ФА купот на Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Владан Милојевиќ ќе седне на клупата на Србија?

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости

Меѓународен фудбал
Србија и Албанија во фудбалска “војна” во Лесковац
