Connect with us

Гвардиола: Благодариме за згуснатиот календар, но шоуто мора да продолжи

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги пофали своите играчи по победата од 0-1 на гостувањето кај Борнмут во Премиер – лигата.


„Ви благодарам за календарот. Премногу е згуснат, но шоуто мора да продолжи“, изјави Шпанецот по мечот на стадионот „Виталити“.

Каталонецот ги пофали своите играчи за нивната способност да играат на секои три дена на највисоко ниво.

„Ги обожавам. Тие се супермени. Играат на секои три дена. Кога луѓето велат: „Можете ли да играте во исти услови во Премиер – лигата?“ Не. Игравме повеќе натпревари од сите други“.

Пеп Гвардиола инсистираше дека навивачите на Сити треба да бидат многу горди на момците.

„Не знам што ќе се случи на крајот од сезоната, но ќе бидам горд на нив“, изјави Шпанецот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови