Connect with us

Гвардиол е прескап за Челси, ќе пазарат во Монако

Менаџерот на Челси, Грем Потер, е во потрага по нов стопер. Првата желба на „сините“ е хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол, но неговиот клуб Лајпциг бара над 100.000.000 евра за дефанзивецот. Тоа е премногу за клубот од „Стемфорд бриџ“.


Бидејќи Гвардиол стана „невозможна мисија“, Челси се сврте кон Франција и тргна по репрезентативецот на „триколорите“ и еден од најдобрите играчи на Монако, Беноа Бадијашил.


Младиот 21-годишен стопер ги помина сите помлади категории на Монако, а договорот со клубот го врзува до летото 2024 година.


Челси му понудил на Монако 35 милиони евра за Бадијашил, а сега се очекува одговор од членот на француската Лига 1.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови