Connect with us

Гути: Чави не е дораснат за да биде тренер на Барселона

Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Гути, изјави дека тренерот на Барселона, Чави Хернандез, не е способен да биде тренер на тој клуб, пренесуваат шпанските медиуми.


Чави беше назначен за тренер на Барселона во ноември 2021 година на местото на Роналд Куман, а пред неколку дена најави дека ќе го напушти славниот тим на крајот од сезоната.

„Чави едноставно во овој момент не е подготвен да биде тренер на Барселона. Тој е добар стручњак, мислам дека би имал подобри резултати во друг клуб, но тоа не може да го направи во Барселона, изјави Гути за „Ел Чирингито“.

Гути смета дека Чави бил одличен играч.

„Квалитетот на добар тренер е да се прилагоди на играчите што ги има и да го извлече најдоброто од нив, а не да бара од тимот да се прилагоди на него или да игра како што играл кога бил активен фудбалер. Тоа е голема грешка што ја прави Чави“, објасни Гути.

Чави минатата сезона со Барселона ја освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија, а во моментов каталонскиот клуб е на третото место на табелата во шпанското првенство, со осум бода помалку од првопласираниот Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови