Работнички ја оствари првата победа во новата сезона совладувајќи ја Беласица со 2-0 на арената „Тодор Проески“. Новото засилување Фахрудин Ѓурѓевиќ блесна и со два гола донесе триумф. Тој стрелаше во 38.минута и во 50.минута од мечот.
Горан Силјановски ја имаше првата шанса во десеттата минута. Зука шутираше, голманот на Беласица, Дејан Силјаноски, ја одби топката, натрча Горан Силјановски, но повторно шутираше во чуварот на мрежата на противникот.
Работнички поведе во 38.минута. Кристијан Стојкоски нафрли од левата страна, а Ѓурѓевиќ ја затресе мрежата на противничкиот голман.
Во вториот Фахрудин Ѓурѓевиќ уште еднаш погоди во 50.минута. По корнерот од десната страна, тој со удар со глава погоди на вистинското место.
Девет минути подоцна и Петар Петковски беше во убава шанса, но шутираше крај голот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова
Втора лига
Брегалница и Детонит ремизираа без голови













