Connect with us

Грузија е првиот финалист во плејофот за ЕП, го очекува во Тбилиси победникот од мечот Македонија – Косово

Фудбалската репрезентација на Грузија е првиот финалист во плејофот од Лигата на нации за пласман на Европското првенство од лигата Д. Грузијците ја совладаа Белорусија со 1-0 на домашен терен во Тбилиси и се наоѓаат на еден чекор до пласман на ЕП. 

Решавачкиот момент се случи во седмата минута. Торнике Окриашвлили од пенал беше стрелец на погодокот за Грузија. Фудбалерот на Белорусија, Николај Золотов направи прекршок во шеснаесетникот, а судијата Џунејт Чакир покажа на белата точка. 

Белорусија не успеа да израмни се до крајот, па Грузијците остварија пласман во финалето од плејофот очекувајќи го победникот од дуелот Македонија – Косово за пресметка за пласман на Европско првенство. 
   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови