
ФК Кит Го, без сомнение, е најпријатното изненадување во второлигашката конкуренција на Истокот во сезоната 2019/2020. Со извонредна серија од седум едноподруго победи во финишот избраниците на Емил Грнев на крајот од есента завршија на третата позиција на табелата со само три бода заостанување зад водечката Беласица.
Сето тоа само како дополнителен мотив повеќе за успешни настапи и во пролетниот дел од шампионатот. Анализирајќи ја изминатава есен, шефот на стручниот штаб Емил Грнев го потенцира задоволството од успешната полусезона во која тимот е рамо до рамо со најголемите фаворити за прволигашка промоција.
„Може да кажеме дека зад нас имаме успешна полусезона, по која секако задоволство е што остануваме во трка за првите две места на крајот од сезоната. Сепак, кога генерално ќе се погледне изминатава есен, фаворитската улога секако ја препуштаме на Брегалница и Беласица“ – вели Грнев, веднаш дополнувајќи:
„Овие резултати без сомнение се должат на колективот, заедништвото и позитивната атмосфера која владее во тимот уште од почетокот на сезоната. А, се разбира, сето тоа благодарение на првите луѓе на клубот кои ни овозможуваат беспрекорни услови за работа на кои може да ни позавидат и прволигашки екипи“.
Сега следи зимската пауза, а во меѓувреме веќе се кројат планот за подготовките и изгледот на тимот за продолжението од првенството.
„Останува сега мал одмор а потоа неизбежно мора да реализираме добри подготовки како што поподготвени би го дочекале пролетниот дел од сезоната, дополнително мотивирани за нови успешни резултати“ – истакнува Грнев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Струга ТЛ се засили со Гледи Мици

Евро-фудбал
Диого Жота загинал на пат кон Ливерпул

Евро-фудбал
Ливерпул: Скршени сме од болка

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
