
Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, тврди дека неговата преселба на „Камп Ноу“ во 2018 година била грешка. Французинот моментно ужива во одличната втора сезона во Мадрид, дури и стана најдобар стрелец на Атлетико на сите времиња на клубот со 175 гола.
Тој се врати во Атлетико во 2021 година, прво на позајмица, а потоа и трајно. На почетокот, сепак, напаѓачот мораше повторно да се докажува пред приврзаниците на Атлетико, кои првично не му го простија ова предавство. Меѓутоа, со многу труд успеа да ја врати нивната љубов.
На Гризман сега му беше врачен златен прстен од соиграчите и клупските челници како дел од официјалната церемонија за одбележување на неговиот голгетерски рекорд.
„Решив да заминам затоа што ја достигнав својата граница. Заминав бидејќи мислев дека е подобро на друго место. Сакав да пробам нешто ново, но по неколку месеци сфатив дека не сум толку среќен како во Мадрид и во Атлетико. Бев лут на себе, но немав друг избор освен да работам напорно и да молчам. Кога се вратив, Фернандо Торес ми рече дека ако ја оставам душата на теренот, фановите повторно би ме почитувале. Мило ми е што сум тука. Направив грешка која може да му се случи секому, но сега ќе направам сѐ за да ги направам фановите горди на нивниот број „7“, изјави Гризман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски се враќа во Словачка?

Прва лига
Силекс го доведе Малик Хамзиќ

Евро-фудбал
Габриел останува во Арсенал до 2029 година

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски

Евро-фудбал
Меси го напушта Интер Мајами
