Connect with us

Гризман ја задолжи „осумката“ во Атлетико Мадрид

Антоан Гризман синоќа постигна два гола за Франција на дуелот (2-0) против Финска во квалификациите за СП, а денеска се појави на „Ванда Метрополитано“ откако во последните мигови од летниот преоден рок беше позајмен од Барселона во Атлетико Мадрид. Тој всушност се враќа во својот претходен клуб и ќе остане најмалку една сезона.

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, го претстави Гризман како ново засилување и му го даде дресот со број „8“, кој ќе го носи во тековната сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови