Connect with us

Гризман ја реши Финска, голеада на Холанѓаните (ВИДЕО)

Светскиот првак Франција ја прекина серијата нерешени резултати и во Лион ја победи Финска со 2-0. Човек на мечот беше Антоан Гризман кој двапати успеа да го совлада Лукаш Храдецки. Тој го отвори резултатот во 25.минута по одличната акција со Бензема, а во 54.минута уште еднаш се запиша во листата на стрелците.

Холандија прикажа нова фантастична игра на домашен терен совладувајќи ја Турција со 6-1. Мемфис Депај беше стрелец на хет – трик, Класен погоди уште во првата минута, а до крајот стрелаа и Тил и Мален. Џенгиз Ундер го постави конечниот епилог.

Хрватите ја декласираа Словенија со 3-0. Ливаја, Пашалиќ и Влашиќ беа стрелци во убедливиот триумф на „коцкестите“ против соседите.

Србија не успеа да слави на гости против Република Ирска. Тимот на Драган Стојковиќ Пикси поведе во десеттата минута со голот на Сергеј Милинковиќ Савиќ, а Никола Миленковиќ во 87.минута си постигна автогол. Но, всушност стрелецот Сергеј Милинковиќ Савиќ во обид да ја исфрли топката го погоди Миленковиќ и топката заврши во голот.

Данска со 5-0 славеше над Израел. Полсен, Кјаер, Сков Олсен, Дилејни и Корнелиус ја погодија мрежата на Израелците.

Ерлинг Халанд исто така постигна хет – трик, но во триумфот (5-1) на Норвешка против Гибралтар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови