
Менаџерот на Челси, Грем Потер, се спротистави на идејата да го ангажира Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед. По последното интервју на Португалецот со Пирс Морган, сега е апсолутно извесно дека тој нема да остане на „Олд Трафорд“ и „црвените ѓаволи“ дефинитивно ќе се разделат од него.
Сега повторно постои опција тој да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, но се чини дека тренерот на Челси не се согласува со тоа.
Идејата за доведување на Роналдо беше на новиот сопственик на Челси, Тод Боели. Тој е во многу добри односи со агентот на напаѓачот, Жорге Мендеш и верува дека лесно може да обезбеди договор за трансфер на Португалецот.
Првиот човек беше подготвен да го доведе и во текот на летото, но тогашниот менаџер Томас Тухел не се согласи и затоа беше и брзо раскинат неговиот договор. Но, се чини дека на истото мислење е и Грем Потер и тој исто така не сака да работи со петкратниот добитник на „Златната топка“.
Ова е уште еден удар за угледот на Кристијано Роналдо, кој се чини дека ќе има сериозни потешкотии да најде нов тим и на зима. Неговото име се поврзува и со Баерн Минхен и со Пари Сен Жермен, но засега и двата клуба не покажуваат голем интерес за него.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
