Connect with us

Грем Потер е нова опција за клупата на Манчестер Јунајтед

Ерик Тен Хаг (53) е блиску до отказ од Манчестер Јунајтед. Во клубот пристигна летото 2022 година и досега на 86 натпревари има 53 победи, девет нерешени и 24 порази.


Манчестер Јунајтед испадна од Европа во вторникот откако заврши последен во групата во ЛШ, зад Баерн, Копенхаген и зад Галатасарај.

На Јунајтед не му оди ништо подобро ниту во Премиер – лигата. По 16 кола заостануваат десет бода зад првопласираниот Ливерпул, а претходно беа елиминирани од Лига купот од Њукасл. Игрите на Јунајтед се неубедливи, а холандскиот тренер е прогласен за главен виновник за неуспесите.

Англискиот „Talksport“ излезе со информација дека негов наследник би можел да биде Грем Потер (48). Станува збор за поранешниот хит-тренер на Брајтон, кој го водеше тој клуб три години. По добрата работа во Брајтон, Потер го презеде Челси во септември минатата година, но во Лондон остана само до април.

На клупата на Челси имаше ефект од 12 победи, осум нерешени и 11 порази во 31 натпревар, а потоа остана невработен.

Потер во Јунајтед би го донел сер Џим Ретклиф, британскиот милијардер на кого сегашните мнозински сопственици, браќата Глејзер, треба да му продадат четвртина од клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови