Швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака ја дал својата согласност за трансфер во Милан, но иднината на искусниот играч од средниот ред ќе се одлучува во следните 48 часа, кога се очекуваат конкретни преговори меѓу Баер Леверкузен и италијанскиот гигант.
Според информациите на „Газета дело Спорт“, Џака очекува двата клуба да започнат официјални разговори во почетокот на оваа недела. Во Милан го гледаат како клучен играч во реконструкцијата на тимот.
Во изминатите години, стратегијата на „росонерите“ се темелеше на доведување млади таленти под 25 години, но ова лето е најавено значително менување на пристапот. Покрај обидот да го донесат Лука Модриќ, Милан силно притиска и за Џака.
Спортскиот директор Игли Таре го идентификувал 32-годишниот играч како централен столб во градењето на новото лице на тимот, и покрај тоа што Џака има активен договор со Баер Леверкузен до 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













