Класата е вечна. Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев го постигна првиот гол во дресот на Парма и беше творец на пресвртот за триумф (4-1) над Порденоне.
Пандев влезе на почетокот на второто полувреме, при негатива за Парма од 0-1, и во 55.минута ја затресе мрежата на ривалот.
Потоа тргна „фуријата“ на домашните и до крајот стрелаа и Денис Ман, Франко Васкез и Адријан Бенедиџак.
Пандев, сепак, не успеа да го доигра натпреварот. Во 72.минута заработи повреда поради која го напушти теренот.
— Frmacedonien Vidéo (@AjroskiS) February 12, 2022
Advertisement
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement