Манчестер Сити го декласира градскиот ривал Манчестер Јунајтед со 6-3 во дуелот што требаше да биде вистинско дерби. Сепак, тимот на Пеп Гвардиола демонстрираше моќ и го реши првиот дел со 4-0, па изостана и најмала неизвесност околу победникот.
Ерлинг Халанд беше неверојатен и на овој меч, постигна хет-трик, а со три гола му се придружи и Фил Фоден. Тие немаше да бидат така ефикасни ако немаа поддршка од фантастичниот асистент Кевин де Бруин.
За Манчестер Јунајтед стрелаа Антони и Марсијал двапати во второто полувреме, а Кристијано Роналдо остана на клупата за резерви во текот на целиот меч.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













