
Англискиот првак Манчестер Сити е пред реализација на првиот голем трансфер ова лето. На „Итихад“ треба да пристигне репрезентативецот на Англија, Џек Грилиш, кој е член на Астон Вила. Раководството на „граѓаните“ на Астон Вила ќе и исплати вкупно 100 милиони фунти.
Најголем дел од нив, околу 80 милиони фунти, се загарантирана сума, додека останатата сума Астон Вила треба да ја добие низ клаузули и бонуси ако Грилиш има успеси со тимот на Манчестер Сити.
За офанзивниот играч за врска беше заинтересиран и градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но очигледно дека „граѓаните“ ја добиваат првата битка.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
