Манчестер Сити одигра 0-0 дома против Саутемптон во Премиер – лигата, но цехот го плати нисколигашот Вајкомб кој загуби од „граѓаните“ во Лига Купот со 6-1. Ханлан ги доведе гостите во водство во 22.минута, но возврати Де Бруин шест минути подоцна, а за пресврт се погрижија Махрез и Фоден.
Во второто полувреме стрелаа и Феран Торес, повторно Махрез и Палмер.
Ливерпул со 0-3 го совлада Норич на гости, двоен стрелец беше Минамино, а погоди и Ориџи. Брентфорд го совлада Олдам со 7-0, а Квинс Парк Ренџерс по изведување пенали го елиминира премиерлигашот Евертон, откако мечот во регуларниот тек заврши 2-2.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













