Поранешниот македонски репрезентативец, Гоце Толески е нов тренер на второлигашот Охрид Лихнидос.
По оставката на Драган Бочески, раководството на клубот се одлучи да му ја даде довербата на Толески кој веќе неколку години како тренер работи во спортската Академија во Охрид. Гоце Толески во својата играчка кариера, покрај за Охрид, настапуваше и за Напредок, Ренова и Работнички на домашната фудбалска сцена, како и за Славија Прага, Мост, Млада Болеслав, Сигма Оломуц во чешкиот шампионат, но и за германски Вакер Бургхаузен.
Деби на клупата од Охрид, Толески ќе има утре на натпреварот против Кадино на гостински терен, во 5. коло од Втората лига – Запад. Охрид по првите четири кола во првенството нема освоено ниту еден бод.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













