
Фудбалскиот прволигаш Гостивар даде нов одговор на натпреварот со Тиквеш, кој го загуби со 2-1 во Кавадарци.
Гостивар покажа незадоволство од судењето, Тиквеш возврати, па сега следат нови преписки.
„Изјавата на Тиквеш ја сметаме за доста интересна. Како прво, ние очекувавме од нив да слушнеме порака „нека ви е со помин и посакуваме брзо оздравување“. Поради ова ние не обвинуваме никого по ова прашање, не знаеме кој стои зад овој инцидент. Разгледуваме секакви можности и веќе ги поднесовме потребните барања за истражување.
Второ, многу е интересно што точно го знаат местото и градот на хотелот каде што ние бевме сместени! Да, ако тоа е толку важно, можеме да направиме корекција. Ние бевме сместени во хотелот што се наоѓа на 10-15 километри од Кавадарци. Не ни е јасно која е разликата дали хотелот е во Кавадарци или Неготино.
Зашто не е во прашање локацијата на хотелот, туку тоа што бевме отруени во хотелот. Болницата каде што ги направивме анализите, заедно со нашите адвокати, веќе поднесе жалба против хотелот. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) исто така е информирана за случајот.
Трето, По кој основ од клубот Тиквеш велат дека немало поплаки пред натпреварот? Нашиот доктор беше запознаен со ситуацијата, а нашиот помошен тренер исто така се жалеше на здравствени проблеми.
Можноста за саботажа се појави откако ги добивме резултатите од болничките анализи. Четврто, ве молиме да не зборувате за месецот Рамазан и за нашите фудбалери кои постат. Покажeте почит. На која основа и врз кого клубот Тиквеш ги дава овие информации?
Ако зборуваме врз основа на шпекулации, и ние би можеле да кажеме многу работи. Но, ние во моментов зборуваме врз основа на болнички извештаи“, велат од Гостивар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг „украде“ бод од Кратово, а Шкендија, Струга ТЛ и Работнички...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Горазд Михаилов (Беса)
Беса го направи најголемото изненадување во 23.коло од Првата фудбалска лига. Не е лесно...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ериксен го напушта Манчестер Јунајтед
