Башкими е најпријатното изненадување по две кола од новиот шампионат. Нема пораз и веќе собра четири бода, а во саботата го победи Работнички со 0-2 на Националната Арена „Тодор Проески“. Успех кој малкумина можеа да го предвидат, веројатно освен стручниот штаб и фудбалерите на Башкими, и секако нивните навивачи.
Башкими го изненади тимот кој минатата сезона заврши на третата позиција и имаше настап во квалификациите за Конференциската лига. Цврста одбрана, одличен голман, и убиствен инстинкт за реализација на создадените шанси.
МАКФУДБАЛ го избра Муарем Муарем за најдобар тренер во 2.коло од Првата фудбалска лига. Тој го предводи МАКФУДБАЛ ТИМОТ НА КОЛОТО.

-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













