
Гостивар повеќе од едно полувреме играше со фудбалер помалку, но успеа да освои голем бод на гости против Вардар. Тимот на Бобан Грнчаров имаше иницијатива, но немаше завршен удар кон голот на Јашар, можеби и затоа што одбраната на Гостивар одигра одличен меч.
На ова реми веројатно најмногу се израдува Воска Спорт која доколку го победи Тетекс ќе побегне на „плус три“ на врвот. Во следното коло ќе се сретнат Воска и Вардар.
Почетниот удар на мечот го изведе легендарниот Андон Дончевски, кој има постигнато 217 гола во дресот на Вардар, но немаше јунак, како што тој би се изразил, кој ќе ја затресе мрежата на гостиварци. Поради црвен картон за Столе Стојчевски, гостите играа со фудбалер помалку од 38.минута.
Се обиде Глишиќ од слободен удар, потоа и Десниќ, Цветаноски, Размоски, но мрежата на Гостивар остана да мирува. Гостиварци во финишот исто така се обидоа преку Симеон Христов и Вилдан Керим, но тие сигурно се многу позадоволни од Вардар со освоениот бод.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
