
Вардар и Пелистер одиграа 1-1 во вечното дерби на македонскиот фудбал, по што „црвено-црните“ и дефинитивно го потврдија третото место на табелата во Втората лига и ќе играат бараж за елитата. Ривал ќе им биде Скопје или Академија Пандев.
Воска Спорт е прволигаш од минатото коло, а сега и Гостивар се придружи како второпласиран тим по триумфот од 4-0 против Борец.
Дарио Десниќ во 41.минута до доведе Вардар во водство по една одлична соло акција и ушт поефикасна завршница. Пелистер израмни од пенал. Вецески го собори Спиркоски, а успешен реализатор беше искусниот Борче Маневски.
Гостивар го победи Борец со 4-0 и по речиси една деценија е повторно во елитата. Двоен стрелец за тимот на Гостивар беше Антонио Каланоски, а по еднаш погодија Фисник Зука и Виктор Крстевски.
Воска Спорт го победи Детонит Плачковица со 5-3. Бехар Фета беше стрелец на хет-трик за Воска, а двоен стрелец беше Ален Јашароски. За Детонит Плачковица погодија Стефан Бабунски, Славчо Јанев и Горан Стојанов.
Тетекс славеше со 4-2 против Кожуф. Хет – трик постигна Христијан Кировски, а стрелаше и Мустафа Јуѕуф. За гевгеличани погодија Александар Богданоски и Стојанчо Наков.
Каменица Саса ја совлада Локомотива Пехчево со 2-1, Арсими ја победи Беласица во Струмица со 0-1, а Беса минимално беше подобра од Караорман со 1-0. Слога Виница со 3-0 го доби дуелот против Охрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski