Connect with us

Гостивар ја тресна Шкендија и се искачи на врвот, Струга ТЛ не ја победи и Воска (ВИДЕО)

Гостивар е нов лидер на табелата во Првата фудбалска лига откако денеска и го нанесе првиот пораз на Шкендија, совладувајќи ја на дуелот во Маџари со 3-1. Астрит Амзаи, голманот на Шкендија, направи две кардинални грешки под притисок на пресингот на домашниот тим и тоа резултираше со два гола за Гостивар.


Во 22.минута, по погрешно додавање на Амзаи, се создаде шанса за Огузан Ајдоган кој го отвори резултатот. Во 47.минута, Амзаи беше блокиран при обид да дегажира, одбиената топка дојде до Марко Симоновски, кој зголеми на 2-0.

Во финишот беа постигнати уште два гола, но бодовите ги освои Гостивар, славејќи со 3-1. Бесарт Ибраими намали на 2-1 во 87.минута, а Алдаир од пенал во 92.минута го потврди триумфот за Гостивар.

Шампионот Струга Трим Лум одигра 1-1 на гости против Воска Спорт. Домаќинот изненадувачки имаше водство од 50.минута со голот на Абдулхади Јахја, но израмни Марјан Радески во 67.минута. Компаоре можеше да донесе пресврт, но погоди во стативата.

Шкупи после убедливиот триумф над Струга ТЛ на гости, сега не успеа на Чаир да ја победи Беса и одигра 1-1. Едмундсон во 24.минута обезбеди предност за Шкупи, но Беса дојде до израмнување и еден бод со гол во 82.минута што го постигна Хисар Али.

Пелистер и Работнички во Битола одиграа без голови, идентично беше и на мечот меѓу Брера и Тиквеш во Струмица.

Во вечерен термин, од 20 часот, се игра последниот натпревар од седмото коло, меѓу Вардар и Силекс на Националната арена „Тодор Проески“.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ГОСТИВАР – ШКЕНДИЈА 3-1
ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ 0-0
ВОСКА СПОРТ – СТРУГА ТЛ 1-1
БРЕРА – ТИКВЕШ 0-0
ШКУПИ – БЕСА 1-1
ВАРДАР – СИЛЕКС (20 ЧАСОТ)

Standings provided by Sofascore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови