Гостивар покажа завидна ефикасност против Слога Виница и триумфираше со 5-0 во еден од двата денешни натпревари во Втората лига. Антонио Каланоски беше играч на натпреварот, откако постигна хет – трик за гостиварци. Во листата на стрелците се запишаа и Стојанчо Велинов и Сухејб Рушити.
Беса на домашен терен исто така беше убедлива против Беласица и славеше со 3-0. Хакан Лимани во четвртата минута го отвори резултатот, Генц Гаши во 18. минута зголеми на 2-0, а Зани Назифи во 45. минута постигна трет погодок по што победникот беше јасен по првиот дел.
Останатите натпревари од ова коло во Втората лига се играат утре.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













