Македонскиот фудбалски „бисер“ Елиф Елмас потпиша петгодишен договор со италијанскиот калчолигаш Наполи. За сума од 16 милиони евра, плус 3 милиони евра бонуси, тој од Фенербахче се пресели во клубот од Неапол.
Долги и исцрпувачки беа преговорите, истакнуваат таткото Џеват Елмас и агентот Никола Ѓошевски кои беа посредници при трансферот.
„Дефинитивно може да кажеме дека официјално Елиф Елмас е нов играч на Наполи во следните 5 години. Преговорите беа многу долги, исцрпни и тешки но на крај на радост на сите страни се постигна договор и веќе официјално трансферот е потврден. Трансферот изнесува вкупни 19 мил евра (16 мил + 3 мил бонуси). Сакаме да се заблагодариме на Фенербахче и Наполи за професионалноста во преговорите и им посакуваме многу успеси во иднина, а секако на Елиф Елмас му посакуваме многу здравје среќа и успеси во Наполи исполнети со многу титули“, изјавија Џеват Елмас и Никола Ѓошевски за МАКФУДБАЛ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













