Елиф Елмас блесна во полн сјај во репрезентативниот дрес постигнувајќи го победничкиот гол за Македонија во сензационалниот триумф (1-2) против Германија во Дуисбург. Беше одличен и на претходните два натпревари, постигна погодок и против Лихтенштајн, а одигра на високо ниво и во поразот со Романија.
Неговиот трансфер во Наполи беше голем чекор напред во развојот, Елиф Елмас сега го има неопходното искуство од Серија А и е комплетен играч. Според неговиот агент Никола Ѓошевски, кој заедно со родителот Џеват Елмас, водат грижа за кариерата на „дијамантот“, Елиф Елмас е еден од најдобрите фудбалери во светот на негова возраст.

„Ова е најдобрата генерација што ја имала репрезентацијата на Македонија во историја. Затоа и не изненадуваат резултатите, како и пласманот на Европското првенство, за првпат во нашата историја“, истакнува Ѓошевски за италијанскиот „Калчо Меркато“.
Тој вели дека Македонија и Наполи во Елиф Елмас го имаат еден од најдобрите фудбалери во светот на негова возраст.
„Елмас е нашиот „дијамант“. Таков фудбалер Македонија досега немала, Елиф е еден од најдобрите на светот во својата генерација. Со своите квалитети тој еден ден ќе игра во некој од најдобрите клубови во Европа“, потенцира агентот на Елиф Елмас.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













