Connect with us

Ѓорѓи Мојсов ја напушта клупата на Тиквеш, а кој ќе го наследи: Илчо Ѓорѓиоски, Срѓан Захариевски или Горазд Михајлов?

Ѓорѓи Мојсов ја напушта клупата на Тиквеш. По шокантниот пораз од Арсими во денешниот меч од десеттото коло на Првата лига, Мојсов се повлекува од кормилото на тимот.

Тиквеш имаше водство од 3-1 на дуелот со Арсими во Кавадарци, но во драматичен финиш прими три гола и го загуби натпреварот со 3-4.

И покрај сè, Мојсов ќе остане запаметен како најуспешен тренер во историјата на клубот. Тој во 2024 година го донесе првиот трофеј во Купот на Македонија и ја водеше екипата во европските натпревари – моменти кои ќе останат дел од вечната историја на Тиквеш.

Веднаш тргнува потрагата и по нов шеф на стручниот штаб. Според првичните информации, се споменуваат имињата на Илчо Ѓорѓиоски, Срѓан Захариевски и Горазд Михајлов, стратези кои имаат завидно искуство во прволигашката конкуренција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови