Connect with us

Ѓорѓи Христов учесник на работилницата за техничко лидерство на ФИФА и УЕФА во Будимпешта

Техничкиот директор на Фудбалската федерација на Македонија, Ѓорѓи Христов, учествува на семинар за техничко лидерство организиран од ФИФА и УЕФА, кој се одржува во Будимпешта.

Настанот ги обедини техничките директори од различни земји членки на УЕФА со цел размена на искуства и унапредување на знаењата во управувањето со техничките програми во фудбалот.
Преку интерактивни сесии и дискусии, учесниците беа запознаени со ресурсите и поддршката што ФИФА и УЕФА ги нудат за долгорочен развој на фудбалот, вклучувајќи и современи платформи и програми за едукација.

„Семинарот е одлична можност за размена на искуства и нови идеи со колеги од целиот свет. Преку вакви иницијативи добиваме дополнителна насока како да го унапредиме техничкиот развој на фудбалот во Македонија, од грасрут до елитни млади категории”, изјави техничкиот директор на ФФМ, Ѓорѓи Христов.

Тој додаде дека развојот на квалитетни технички лидери е клучен за подобро управување со фудбалот и на теренот и надвор од него, како и за исполнување на долгорочните цели, да му се даде шанса на секој талент и фудбалот да расте на сите нивоа.

Континуираните инвестиции на ФИФА во развојот на лидерството имаат за цел да ги подигнат стандардите на управување, да поттикнат иновации и да промовираат одржлив раст.


Новите изданија на програмата FIFA Technical Leadership се уште една потврда за посветеноста на ФИФА кон создавање на нова генерација фудбалски лидери кои ќе значат напредок на фудбалот на глобално ниво.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови