Еден од најдобрите фудбалери на Борец, Ѓорѓи Ѓорѓиев, е првото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
Долгогодишниот капитен на Борец кој зад себе остави извонредна сезона во Првата лига со 31 одигран натпревар за велешани и постигнати шест гола, ја прифати понудата да се пресели во тимот на Илчо Ѓорѓиоски.
„За мене е огромна чест и задоволство што доаѓам во клуб како Брегалница. Знам што значи Брегалница за македонскиот фудбал, и знам со какви амбиции ја очекува новата сезона, амбиции во кои верувам максимално успешно ќе се вклопам“, истакна 25-годишниот Ѓорѓиев по промоцијата во дресот на штипјани.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













