Connect with us

Горецка ја скрши раката, ќе паузира два месеци

Германскиот репрезентативец Леон Горецка ќе паузира околу два месеци откако вчера беше опериран. Тој се здоби со скршеница на раката на мечот против Мајнц (1-3), а лекарскиот тим одлучи дека повредата мора да се санира со хируршки зафат.


Играчот од средниот ред на Баерн Минхен ќе ги пропушти следните натпревари на Баерн, а се очекува на терените да се врати на почетокот на 2024 година.


Баерн Минхен утре го очекува дуел со Галатасарај во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови