Новиот македонски фудбалски прволигаш Бесa продолжува со ангажман на искусни прволигашки фудбалери.
Најново засилување за Беса е досегашниот фудбалер на Брегалница, Горан Силјановски.
„Силјановски има долга и успешна фудбалска кариера. Тој ни доаѓа од екипата на Брегалница каде што беше член во последователни две години во Првата лига. Силјановски има настапувано и за некои од најпознатите клубови во Македонија, меѓу кои Македонија ЃП, Вардар, Ренова и Работнички. Горан Силјановски има една шампионска титула и три трофеи во Купот на Македонија. Има искуство и во албанското првенство како дел од екипи како Фљамуртари и Динамо Тирана. Ќе работиме напорно за да постигнеме успеси и да испишеме историја“, стои во соопштението на Беса.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?













