Капитенот на македонската фудбалска репрезентација е вброен во најдобриот тим за 2020 година од регионот на поранешна Југославија. Горан Пандев е единствениот Македонец во овој тим составен согласно настапите на фудбалерите за своите клубови, но и за националните тимови.
Горан Пандев е во друштво на ѕвезди како Лука Модриќ (Реал Мадрид), Миралем Пјаниќ (Барселона), Анте Ребиќ (Милан), Јан Облак (Атлетико Мадрид), Сергеј Милинковиќ – Савиќ (Лацио)…
На голот е Јан Облак (Словенија), а во одбраната се Шиме Врсаљко (Хрватска), Дејан Ловрен (Хрватска), Никола Миленковиќ (Србија), Александар Коларов (Србија). Средниот ред го сочинуваат Лука Модриќ (Хрватска), Миралем Пјаниќ (БиХ), Сергеј Милинковиќ – Савиќ (Србија), а во нападот се Горан Пандев (Македонија), Јосип Иличиќ (Словенија) и Анте Ребиќ (Хрватска).
Резерви во овој состав се: Ливаковиќ (Хрватска), Рајковиќ (Србија), Адан Марушиќ (Црн Гора), Стефан Савиќ (Црна Гора), Иван Перишиќ (Хрватска), Андреј Крамариќ (Хрватска), Един Џеко (БиХ), Александар Митровиќ (Србија), Никола Влашиќ (Хрватска), Душан Тадиќ (Србија), Александар Катаи (Србија), Филип Брадариќ (Хрватска).
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski