Connect with us

Горан Пандев со нов едногодишен договор со Џенова

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев и дефинитивно останува уште една сезона во редовите на италијанската Џенова. Капитенот на македонската репрезентација, кој во моментов ја користи паузата за одмор во родната Струмица и малку повеќе фокус на својот клуб Академија Пандев, сосема извесно ќе ја продолжи соработката со Џенова со што и би ја завршил во 2020 година кариерата во најстариот италијански клуб. Деновиве се очекува и официјалната потврда и од Џенова за новиот едногодишен договор на клубот со Пандев.

Но, простор за размислување околу Џенова има нешто подоцна ова лето. Дотогаш, Горан Пандев комплетно е фокусиран на Академија Пандев која ова лето ја очекува дебитантскиот настап на европската сцена. „Пандевци“ во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа ќе играат против босанскиот суперлигаш Зрињски.

„Од сите можни противници најмногу го посакував Зрињски“ – ја коментира Горан Пандев ждрепката во Нион, притоа дополнувајќи:

„Сигурно го почитуваме нашиот противник, но верувам во нашите млади момци. Горд сум на нив затоа што успеаја да го освојат трофејот во Купот на Македонија оваа сезона, што е историски успех за нашиот клуб“.

Академија Пандев првиот натпревар против Зрињски ќе го игра на 11. јули на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, а реваншот е на 18. јули во Мостар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови