Голманот на Њукасл, Ник Поуп, се очекува да биде надвор од терените во период од четири до пет месеци, пренесуваат медиумите на Островот.
31-годишниот Поуп заработи тешка повреда на левото рамо на крајот од саботната победа против Манчестер Јунајтед со 1-0 во 14. коло од Премиер – лигата. Тој не можеше да го заврши натпреварот и беше заменет во 86. минута, а најверојатно ќе биде подложен на детално скенирање во вторник за да се утврди колку е сериозна повредата.
Од Њукасл засега не исклучуваат и операција како опција.
Од почетокот на сезоната, Ник Поуп беше незаменлив на голот на Њукасл, почнувајќи од секој натпревар во Премиер – лигата, Лигата на шампионите и еден во Лига Купот. За „чавките“ има 20 настапи и 19 примени голови од почетокот на сезоната, како и осум меча без примен гол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













