Брегалница потпиша нов тригодишен професионален договор со еден од најдобрите македонски голмани, младинскиот репрезентативец Давид Денковски.
„Брегалница, и покрај тоа што ја засилува екипата со докажани искусни фудбалери, не отстапува од долгорочниот проект за инвестиција во младоста. Токму поради тоа се долгорочните договори со најголемите наши таленти кои се иднина и на македонскиот фудбал, воопшто“, вели спортскиот директор на клубот, Никола Тонев.
Претходно, новиот прволигаш се засили со поранешниот македонски репрезентативец Даниел Мојсов, како и со хрватскиот дефанзивец Антонио Азиновиќ. За оваа недела се најавуваат уште две засилувања на тимот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski