Connect with us

Големото срце на Белингам: Виде дека се смрзнува момчето што собира топки и му го даде своето ќебе (ВИДЕО)

Реал Мадрид со победата од 1-3 против нисколигашот Арандина се пласираше во осминафиналето на Купот на кралот. „Кралскиот тим“ не беше во најсилен состав што можеше да го изведе Карло Анчелоти. Меѓу останатите, шанса не добија ниту Лука Модриќ, ниту Џуд Белингам. И покрај тоа, англискиот фудбалер изведе потег кој многумина се подготвени да го наречат најдобар на натпреварот.


Додека неговите соиграчи седеа на клупата во дебели јакни и завиткани во ќебиња, некои од нив со капи на главите, Белингам го забележа младиот собирач на топки на кој му беше студено и му го даде своето ќебе.

По натпреварот момчето изјави дека не разбира што му зборувал Белингам, но дека ѕвездата на Реал му е омилен играч и дека вчера му бил најубавиот ден во животот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови