
Фудбалерите на Арсенал денеска требаше да го играат натпреварот од 20. коло на Премиер – лигата против Вулверхемптон, но натпреварот е одложен. Тоа за еден навивач кој пристигнал од Америка и во авионот дознал дека натпреварот е одложен било „трагична вест“. Но, откако проблемот го изнел на социјалните мрежи, му се јавил Гранит Џака и направил голем гест.
Натпреварот на „Емирати“ требаше да се игра од 13.30 часот, но поради проблемите со коронавирусот натпреварот беше одложен и ќе биде одреден нов термин. Ваквата одлука особено го налути навивачот на Арсенал кој од САД допатува во Лондон за да го следи мечот на „топчиите“, а на крајот дозна дека нема ништо од тоа.
Тој на социјалните мрежи објави дека за одложувањето на натпреварот дознал дури кога бил во авион за Лондон и дека бил бесен поради тоа.
„Ова навистина ме повреди. Планирав и резервирав билети пред шест месеци и сега дознав дека натпреварот нема да се игра“, напиша навивач на Арсенал.
Тој пристигна со сопругата во Лондон, а натпреварот на Арсенал бил дел од планот за прослава на десетгодишнината од бракот.
Сепак, синоќа доби фантастична порака на Инстаграм од Гранит Џака и не можеше да поверува дека играчот од средниот ред на Арсенал сепак го контактирал.
„Здраво Џек, го видов твојот твит дека ти и твојата сопруга дојдовте од Америка да го гледате нашиот натпревар и гледам колку сте разочарани што натпреварот е одложен. Доколку сте во Лондон на 1 јануари би сакал да ве поканам на натпреварот Арсенал – Манчестер Сити да ми бидете гости и да ви се заблагодарам што сте толку посветени на нашиот клуб. Дали тоа ви се допаѓа“, му напиша Џака на навивачот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Сорлот даде четири гола за половина час!

Евро-фудбал
Лацио се спаси од пораз против Јуве (ВИДЕО)

Интернационалци
Ајакс чукна на порти кај Елиф Елмас!
