
Душан Влаховиќ е на излезна врата на Јувентус, а Челси како и неколку други великани сериозно е заинтересиран за него.
Долго време се споменуваше Баерн Минхен, Томас Тухел го посакуваше Влаховиќ уште кога беше во Челси, но сега „сините“ повторно се во преден план.
Според последните информации, Баерн Минхен се откажал бидејќи Јувентус поставил огромна сума од 80 милиони евра за обештетување, додека Челси е подготвен во размената да го вклучи – Ромелу Лукаку.
Ова сигурно ќе одекне во Италија, Лукаку е играч на Интер, позајмен од Челси и секако е еден од најлутите ривал на Јувентус.
Интересно е што токму тоа лето кога пристигна во Интер беше многу блиску до Јувентус, но тогаш Антонио Конте го убеди да дојде на „Меаца“.
Сега го нема Конте, а се чини дека Интер нема да го купи, а јасно е дека ни Челси не смета на него.
Дали поради сето тоа би можеле да бидеме сведоци на голема размена ова лето, Лукаку да се пресели во Јувентус, а Влаховиќ во Челси, се разбира, со доплата од лондонскиот клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
