
Најдобриот дефанзивец на Јувентус, Глеисон Бремер (27), ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото. Бразилскиот дефанзивец се повреди во вчерашната победа на Јувентус против Лајпциг со 2-3 во второто коло од Лигата на шампионите, уште во шестата минута од натпреварот. Бремер при еден дуел незгодно доскокна, и веднаш беше јасно дека станува збор за сериозна повреда.
Тој го напушти теренот со помош на физиотерапевтите, а по денешните прегледи беше утврдено дека е оштетен и менискусот.
Бремер пристигна во Јувентус во летото 2022 година од Торино за 46.9 милиони евра и веднаш се наметна како еден од најдобрите играчи на Јувентус, но и еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.
Оваа сезона има одиграно осум натпревари и 637 минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
