Connect with us

Голем удар за Баерн: Алфонсо Дејвис го повреди коленото

Левиот бек на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, се повреди во 85. минута при победата од 3-1 над Борусија Менхенгладбах. Баварците потврдија дека дефанзивецот ги повредил страничните лигаменти на левото колено.


Клубот не откри колку долго ќе отсуствува канадскиот интернационалец, но според медиумите во Германија, Алфонсо Дејвис речиси сигурно нема да му биде на располагање на Томас Тухел за битката против лидерот Баер Леверкузен во следната рунда.

23-годишниот бек оваа сезона забележа 27 настапи за Баерн Минхен во сите натпреварувања. Притоа забележа еден гол и четири асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови