Голем пожар синоќа избувнал во подтрибинскиот простор на Градскиот стадион во Тетово. Огнената стихија се појавила во делот кај локалите, но изгореле и поголем дел од столчињата на трибините каде бил пожарот.
Пожарот на тетовскиот стадион избувнал вчеравечер и повеќе од еден час противпожарната единица во Тетово се борела да го локализира и изгасне пожарот кој избувнал под трибините и ги зафатил локалите. Причинета е материјална штета, а поражот го гаснеле четири возила со девет пожарникари.
„Изгореа и дел од столчињата на стадионот. На почеток бевме доведени во опасност поради ‘фрлање на струја’, односно ненадеен проток, кратки споеви, експлозии и бидејќи водата е спроводник не можевме веднаш да интервенираме и тоа го сторивме откако беше исклучена струјата. Со употреба на пена спречивме понатамошно прошириување на огнот“, изјави командирот на противпожарната бригада Ука Алити по успешната интервенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













