Connect with us

Гол и асистенција за Ѓорѓев во триумфот на Грасхоперс

Македонскиот интернационалец Никола Ѓорѓев одигра одлично во дресот на Грасхоперс, иако влезе како резерва на дуелот против Ксамакс (3-0). Тој за неполн половина час успеа да постигне гол и да забележи асистенција, активно учествувајќи во убедливиот триумф. 

Ѓорѓев влезе на теренот во 68. минута на местото на Пушиќ и се разигра во финишот. Тој асистираше во 91. минута, а потоа, во 93. минута се запиша и во листата на стрелци.

Грасхоперс е лидер на табелата во второлигашкото друштво на Швајцарија и е пред влез во елитното друштво.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови