
По одличното издание и триумфот на стартот од сезоната на гостувањето против Академија Пандев во Струмица, фудбалерите на Брегалница денеска од 17 часот на Градскиот стадион во Штип ќе је пречекаат Струга Трим Лум.
Напаѓачот Милан Ѓокиќ очекува тежок натпревар, но и посакува нова победа.
„Секако задоволни сме што сезоната ја почнавме со победа, и тоа на така тешко гостување во Струмица. Но, сето тоа е зад нас, а ние се фокусираме на секој следен натпревар“ – вели офанзивецот Милан Ѓокиќ.
„Добро работевме изминатава недела, анализиран е и противникот и останува само да го дадеме максимумот на терен за да дојдеме до посакуваниот резултат. Знаеме дека секој натпревар во лигата е различен и со своја специфична тежина. Така ќе биде и овој против Струга ТЛ, тим кој во првото коло покажа дека ќе се бори за највисок пласман во лигата. Но, со поддршка од навивачите, која ни е потребна на секој натпревар, верувам дека можеме до ново славје“, додава напаѓачот на Брегалница.
Прилеп по повеќе од една деценија повторно ќе биде домаќин на прволигашки меч. Победа на домашен терен го пречекува Тиквеш.
Шкендија утеха за елиминацијата во КЛ ќе бара со триумф над Силекс, а Работнички и Академија Пандев во меѓусебна пресметка ќе се обидат да стигнат до прв позитивен резултат во новата сезона.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТЛ
ПОБЕДА – ТИКВЕШ
ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС
РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ
Слободен е СКОПЈЕ
ВЧЕРА
ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
