
Напаѓачот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, ја заврши календарската 2024 година со најмногу постигнати голови од сите играчи во светот. Шведскиот репрезентативец реализираше вкупно 62 гола на клупско и репрезентативно ниво.
Тој го надмина Ерлинг Халанд (Манчестер Сити/Норвешка) со 49 голови, Хари Кејн (Баерн Минхен/Англија) со 46 и Кристијано Роналдо (Ал Наср/Португалија) со 43.
На овој начин, Ѓокереш се придружи на Лионел Меси и на Кристијано Роналдо, кои во последната деценија редовно беа во врвот на оваа листа.
The top goalscorers of 2024 ✨ pic.twitter.com/AGOMddAauf
— B/R Football (@brfootball) December 31, 2024
Апсолутниот рекорд го држи Лео Меси со 91 постигнат гол во 2021 година.
Најблиску до Аргентинецот се приближија Роналдо и Роберт Левандовски, кои по еднаш завршија со по 69 гола. Во изминатата 2023 година, Кристијано беше на врвот со 54 голови.
Виктор Ѓокереш ги постигна овие 62 гола во само 63 натпревари. Од нив, 52 се во дресот на Спортинг, додека останатите 10 со шведската репрезентација.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal