
Ернест Ѓока имаше кошмарно деби на клупата на Шкендија откако македонскиот првак загуби на домашен терен од Академија Пандев со 0-1, дополнително продлабочувајќи ја големата резултатска криза. Албанскиот стратег не го криеше разочарувањето по конечниот исход, особено поради слабото издание во нападот на својот тим.
„Беше тешко да се игра бидејќи противникот беше одлично поставен и не ни остави многу простор. Трчавме многу, но немавме продуктивност. Мораме да ја промениме психологијата на тимот, да бидеме поагресивни и секогаш да одиме на победа. Во нападот не бевме доволно добри, мора да се праваш шанси да се постигне гол, но ние не го направивме тоа. Тоа е она што ни недостигаше и тоа мораме експресно да го промениме“ – изјави Ѓока.
Шанса за поправен новиот стратег на Шкендија ќе има в среда, кога тетовци на домашен терен ќе го пречекаат Силекс.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal