Шкендија славеше сигурен триумф (4-1) над Македонија ЃП во Тетово и се доближи до Вардар на осум бода негатива. Тренерот Ернест Ѓока го пофали изданието на тимот, но и побара од фудбалерите да го задржат победничкиот чекор и на следните натпревари.
„Оваа победа не одржува во чекор за шампионската титула. Но, мораме да победуваме во серија ако сакаме да се доближиме бодовно до лидерот. Не беше лесен натпреварот со Македонија ЃП иако можеби на крајот резултатот дава поинаква слика. Сепак, тие успеаја да израмнат во второто полувреме. Добро е што ние брзо реагиравме и постигнавме два гола за водство и за триумф“, изјави Ернест Ѓока.
Шкендија в среда ја очекува реванш натпреварот од четвртфиналето во Купот на Македонија против Работнички. Првиот дуел во Тетово заврши 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













