
Ернест Ѓока има причина за задоволство откако неговите избраници се вратија од еден гол негатива и триумфираа на гостувањето против Академија Пандев. Тренерот на Шкендија ги потенцираше тимскиот дух и карактер како главни фактори за победата што дополнително ќе ја крене мотивацијата во таборот на тетовци во продолжението од сезоната.
Шкендија со овој триумф е второпласирана на табелата со осум бода заостанување зад лидерот Вардар, во пресрет на гостувањето против Силекс следното коло.
„Ме радува што покажавме карактер. Се најдовме во негатива, па со пресврт стигнавме до победата. Тоа не е нималку лесно да се направи, но Шкендија поседува квалитет за такви пресврти. Морам да сум задоволен, бидејќи на гостински терен совладавме тим што ни е директен ривал за титулата. Ова е одлична победа, извонреден старт на 2020 година, но пред се триумф со кој се крева атмосферата во тимот во пресрет на наредните предизвици“, изјави Ѓока за официјалната веб-страница на Шкендија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
