Шкендија со многу мака стигна до важна победа (1-0) против Пелистер и ја задржа предноста од седум бода во однос на Шкупи. Тимот на Ернест Ѓока конечно ја разби и бариерата дека не може да постигне погодок, а тоа му успеа на валмир Нафиу во 88.минута од мечот.
Шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока вели дека само му се потврдува претходната констатација дека секој првенствен натпревар за лидерот станува се потежок како што се ближи крајот на шампионатот.
„Како што поминуваат натпреварите и првенството влегува во завршна фаза, јасно е дека станува се потешко. Имавме контрола на натпреварот, доминиравме во поле, но беше тешко да се застресе противничката мрежа. На крајот, го активиравме целиот напаѓачки арсенал и драго ми е пшто успеавме. Го принудивме противникот да погреши и постигнавме гол“, изјави Ѓока.
Во следното коло Шкедија му гостува на Вардар во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Винисиус сака трансфер во ПСЖ?













